Ракометарите на Еурофарм Пелистер им се вратија на победите во домашното првенство, откако на домашен терен го победија Пролет со 30-21.
Босанскиот интернационалец Алем Хаџиќ доби минутажа од Бранко Ангеловски и постигна три гола на овој дуел.
„Игравме добра одбрана во текот на целиот натпревар, имавме добра транзиција и мислам дека заслужено победивме со висока разлика. Уште од стартот се виде и на теренот дека сме многу поквалитетни од екипата на Пролет, а нашиот квалитет ќе демонстрираме и против посилни ривали“, изјави Хаџиќ.
Следен предизвик за битолчани ќе биде гостувањето кај Куманово в сабота во шестото суперлигашко коло, додека в среда на 9 октомври ги очекува натпревар со португалскиот шампион Спортинг Лисабон во Лигата на шампионите.
Пелистерци им се вратија на победите – сметката на Вардар ја плати Пролет!