Хаџиќ: Чувството е феноменално, знаев што треба да направам!

Екипата на Еурофарм Пелистер направи крупен чекор кон одбрана на титулата, откако славеше против „сино-белите“ од Автокоманда со 30-28 во третото коло од плеј-оф фазата.

Стрелец на голот што ја потврди победата на домашниот тим беше младиот Алем Хаџиќ, кој дотогаш не влегуваше во игра, но влезе кога беше најпотребно и имаше храброст да тргне кон голот на Кизиќ и да погоди.

Босанецот беше пресреќен по мечот споделувјаќи ги своите импресии.

,,Чувството е феноменално. Ја искористив шансата која ја добив и му благодарам на тренерот за укажаната доверба. Немав трема кога требаше да се соочам очи во очи со голманот, знаев што треба да направам. Се надевам дека на наредните натпревари ќе добијам поголема минутажа и дека ќе ја искористам“, изјави Хаџиќ.

Следен предизвик за битолчани ќе биде гостинскиот натпревар со Бутел Скопје в среда.

🎥 Храбриот Хаџиќ меч-винер: Еве го голот за радост на пелистерци!

 

Еурофарм Пелистер „гази“ кон титула – „сино-белите“ на колена во Битола!