Ѓорчепетровки го водат орото кај дамите, следуваат Вардар, Чаир, Куманово…

Актуелниот бранител на титулата, тимот на Ѓорче Петров, е единствениот тим, кој што во досегашниот тек од сезоната во Женската лига нема загубено бод.

Избраничките на Симе Симовски во 6. коло го совладаа вицепрвакот Куманово со 29:20 и си го олеснија патот до одбраната на титулата, но за остварување на зацртаната цел ќе треба да го дадат максимумот и на следните дуели.

Дуелите во македонскиот шампионат за екипата на Ѓорче Петров се силна проверка за настапите во Европа. Ѓорче Петров на 12 и 19 ноември ќе ги одигра дуелите против белгискиот Ојпен во рамки од третата рунда од Европскиот Куп.

Ѓорче Петров на табелата во домашниот шампионат има 18 бода, односно биланс шест од шест, второто место го делат Вардар и Чаир, кои имаат по 16 бода и двете екипи немаат изгубен натпревар, нивниот меѓусебен дуел заврши без победник.

Куманово е на 4. позиција со 15 бода, додека новакот кај дамите, екипата на Металург Автокоманда на шест одиграни натпревари оствари четири победи. Останатите екипи, според квалитетот и играчкиот кадар, ќе се борат за подобар пласман од ланската сезона, во која имаше плеј-оф и плеј-аут.

За потсетување, во оваа сезона нема да има разигрување за титула и опстанок, и секој ќе игра со секого.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ24231070
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА25211364
3ЧАИР24201361
4ВАРДАР25201461
5КУМАНОВО25190657
6СТРУЖАНКА251211237
7ПЕЛИСТЕР 2012241011331
8ДЕСПИНА251011431
9СКОПЈЕ25931330
10СПАРТАК24911428
11ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.25441716
12АСТИБО24402012
13ШАМПИОН2421217
14ГЕВГЕЛИЈА2510243