Ѓорче Петров чека ждрепка – еве во кој шешир се најде шампионот и кои се можните ривали

Единствениот женскиот претставник од Македонија во европските купови, шампионот Ѓорче Петров, во вторник ќе го дознае ривалот за третата рунда.

Македонскиот тим го елиминира црногорскиот Тиват со две победи на домашен и на гостински терен со вкупен резултат 72-46.

Според објавениот ранкинг во Европскиот Куп, Ѓорче Петров котира високо на 12 позиција и пред ждрепката за третата рунда ќе биде во првиот шешир.

Тоа значи дека нема да игра против турскиот Коњалти, актуелен освојувач на трофејот во Европскиот Куп, потоа незгодните екипи како Гран Канарија, Бенфика, Јувента Михаловце…

Oд лигата на можни ривали би било убаво да се избегнат шпанските Гранољерс и Елче, словенчкиот тим Ајдовшчина, како и португалската Мадеира.

Меѓу најдобрите опции за Ѓорче Петров се малтешкиот Феникс, белгискиот Ојпен, босанската Криваја, грчката Пилаја…

Ждрепката е утре од 11:00 часот.

шешир 1: Коњалти, Гран Канарија, Бјеловар, Јаликавак, Јувента Михаловце, Кинзварт, Бенфика, Јонијас, Вестманејар, Херцогенбуше, Ѓорче Петров, Салерно, Макаби Аразим Рамат Ган, Рудар, Венло, Ериче

шешир 2: Феникс, Ајдовшчина, Ојпен, Гранољерс, Дуго Село, Јенимале, Слован Дусло Сала, Мадеира, Пилаја, Неистин, Истогу, Вестфрисланд, Елче, Бриксен, Изола, Криваја