Македонскиот шампион Ѓорче Петров со убедлива победа над Напредак Крушевац со 42-28 го освои трофејот на „Ѓорче Куп 2024“.
За најкорисна ракометарка на турнирот, односно МВП беше прогласена новата „лавица“ Есма Муратовиќ, која имаше одлични партии против Вардар, Железничар и Напредак во финалето.
Наградата за најдобар стрелец отиде во рацете на десниот бек на Ѓорче Петров, Ивана Дежиќ, која постигна 28 погодоци на трите средби.
За најдобар голман на четвртото издание на „Ѓорче Куп“ беше прогласена Дијана Балабан од финалистот Напредак Крушевац.
ЃОРЧЕ КУП 2024: „Лавиците“ од Ѓорче Петров моќно до трофеј – му дадоа 42 гола на Напредак!