Гомеш се врати во Европа, го засили Динамо Букурешт!

Романскиот шампион Динамо Букурешт ќе биде посилен со репрезентативецот на Португалија, Андре Гомеш, кој по кратката авантура во Азија реши да се врати на европско тло и во тимот на Чави Пасквал ќе остане до крајот на следната сезона.

Со доаѓањето на Гомеш ќе се зголеми конкуренцијата на левата бековска позиција во тимот на Пасквал. Динамо Букурешт, моментално, како леви бекови ги има на располагање Анте Кудуз, Али Зеин, Дан Ракотеа и Роберт Милитару.

Гомеш во првиот дел од тековната сезона го носеше дресот на Ал Сафа од Саудиска Арабија, требаше да остане подолго во овој клуб, но двете страни спогодбено го раскинаа договорот.

25-годишниот ракометар во својата кариера настапуваше за бундеслигашот Мелсунген и португалските Порто и Брага.

Динамо Букурешт има аспирации да ја освои титулата во Лигата на Европа и следната сезона да се врати во Лигата на шампионите.

Амбициозниот клуб од Романија во своите редови го посакува и репрезентативецот на Црна Гора, Бранко Вујовиќ.

Динамо Букурешт за 200.000 евра го купува Бранко Вујовиќ!