Динамо Букурешт за 200.000 евра го купува Бранко Вујовиќ!

Црногорскиот репрезентативец Бранко Вујовиќ на лето ќе ја замени Бундес лигата за романскиот шампион Динамо Букурешт.

Според пишувањата на „Билд“, романскиот првак ќе ја плати откупната клаузула во договорот на Вујовиќ со Хановер кој трае до 2025 година.

Чави Пасквал во Динамо на десната бековска позиција ги има на располагање Хавиер Хумет, Александар Цениќ и Станислав Кашпарек, чиј договор завршува на лето, па веројатно тој ќе биде надвор од комбинација.

Вујовиќ минатата сезона беше посакуван од Веспрем, но унгарскиот тим не ја плати бараната оштета.

Црногорскиот репрезентативец има одлична полусезона зад себе и сигурно ќе биде големо засилување за Динамо Букурешт, кој планира камбек во Лигата на шампионите.

Секако за овој трансфер се прашува и полскиот Келце, со кој Вујовиќ има договор до 2027 година, но Талант Душебаев веројатно не планира во скоро време да го врати Црногорецот во Полска.