Голем пех за Хрватска – остана без двајца ракометари пред ЕП, Перковац веднаш повика замени!

Со големи проблеми се соочува хрватскиот селектор Горан Перковац пред стартот на Европското првенство.

Поради проблеми со вратот од комбинација отпадна левото крило Давид Мандиќ, додека по мечот со Црна Гора поради повреда со коленото отпадна и левиот бек Јосип Шарац, пишува „Спортске Новости“.

Голманот Доминик Кузмановиќ нема да биде подготвен за првиот круг со сигурност, а болни се уште Иван Мартиновиќ и Тин Лучин, како и Игор Карачиќ, кој не тренираше неколку дена.

Селекторот веднаш реагираше и ги повика Марко Мамиќ и Ловро Михиќ, додека на голманската позиција веројатно повик ќе добие голманот на Кадетен, Кристијан Пилиповиќ.

Хрватска е во група со Шпанија, Австрија и Романија на Европското првенство.