Голем интерес за ЕП во 2030 и 2032 година – дури 13 федерации се пријавија за организација

Европската ракометна федерација денеска објави дека има висок интерес за организација на Европските првенства во 2030 и 2032 година.

Вкупно 13 федерации испратија свои писма на интерес за организација на континенталните собири во машка и женска конкуренција.

За машкото ЕП во 2030 година интерес за организација најавија Австрија, Хрватска, Чешка, Данска, Естонија, Франција, Германија, Полска и Швајцарија.

За женското ЕП во 2030 година се пријавија Црна Гора, Србија, Швајцарија и Турција.

Машкото ЕП во 2032 година би можело да се организира во Австрија, Хрватска, Естонија, Франција, Германија, Словенија, Швајцарија и Турција, додека за организација на женското ЕП во 2032 година се пријавија Данска, Германија, Црна Гора, Полска, Швајцарија и Србија.

До 1 јуни 2024 година, официјалните апликации треба да бидат испратени до ЕХФ, а организациите ќе бидат додеделни од Извршниот Комитет во декември 2024 година.