Гол-шоу на Босилковска и Андовска, победи за Пелистер, Деспина и Овче Поле СУ

Екипата на Пелистер во натпревар од 6. коло од плеј-аут фазата во Женската лига лесно се справи против Шампион.

Избраничките на Корлевски, откако на полувреме имаа предност од 12:8, во вториот дел одиграа како на тренинг и примија само три гола.

Крајниот епилог од средбата беше 35:11, а на теренот леташе Моника Босилковска, која запиша дури 17 погодоци, пет од нив беа од пенал.

Кај Шампион, најдобар стрелец беше Ангела Петровска со шест реализации, а три погодоци реализираше Мила Филипова.

Убедлива победа оствари и Овче Поле СУ, кој пред својата публика славеше против Ѓорче Петров 2 со резултат 27:20.

Домаќинките до победата дојдоа со подобрата игра во вторите 30 минути, на полувреме беше нерешено 11:11.

Јована Конева и Јована Ангеловска беа најефикасни во побендичкиот табор, двете ракометарки постигнаа по седум погодоци. Кај гостинките од Скопје се истакнаа Кристина Наумовска со осум и Ангела Ѓероска со седум погодоци.

Деспина им се врати на победите, откако славеше на гостувањето кај Спартак со резултат 33:31 (17:15).

И покрај гол-шоуто на Зорица Андовска (18 гола), домашниот тим не успеа да освои барем бод на средбата со прилепчанки.

Кај Деспина, најефикасна беше Евгенија Цаневска со шест погодоци, а еден помалку имаше искусната Мери Гичева.