Тимот на Кастриоти кој е предводен од македонскиот стратег Владимир Глигоров е лидер во косовскиот шампионат.
Кастриоти славеше на гостински терен кај составот на Вуштрија со 47-28 во натпревар од шестото коло во тамошното првенство.
Сега тимот на Глигоров има десет бода што е доволно за првото место на табелата, а го следат екипите на Раховец, Влазними и Беса Фамгас.
Кастриоти во шест меча има само еден пораз досега и тоа од Беса, а во следното коло Глигоров и неговиот тим ќе играат дома со Љапи.


























