Гисласон и Жил отворија карти – еве ги пошироките списоци на Германија и Франција пред ЕП

Селекторите на Германија и Франција, Алфред Гисласон и Гијом Жил, ги објавија пошироките списоци пред стартот на Европското првенство 2024 година.

Двете велесили ќе бидат ривали на Македонија во Диселдорф и Берлин, а покрај нив во групата уште е и Швајцарија.

Жил нема проблеми со ростерот, главно тоа се очекувани имиња, а на списокот се најде и голманот на Кил, Венсан Жерар, кој е неизвесен за настап.

Тука се браќата Карабатиќ, Мем, Ремили, Фабрегас, Мае, Ричардсон, Порт, како и екс вардарецот Тото, потоа Пранди, Деска…

Гисласон нема да смета на повредените ракометари на Фуксе Берлин, Фабијан Виде и Пол Друкс, Вебер исто така има повреда, но се најде на списокот.

Иако се шпекулираше низ германските медиуми за евентуален камбек во репрезентацијата на Хендрик Пекелер, сепак од тоа нема ништо.

Македонија ќе игра со Франција на 10 јануари во Диселдорф, додека средбата со Германија е на 14 јануари во Берлин.

ФРАНЦИЈА

ГЕРМАНИЈА