Ги нападнаа судиите, па ИХФ им „подели“ суспензии

Во текот на минатиот месец во рамки од полуфиналето од Азискиот шампионат се сретнаа репрезентациите на Јапонија и Бахреин.

На победа во полуфиналниот дуел се радуваа Јапонците, доддека ракометарите на Бахреин не беа задоволни од делењето на правдата, па така по одиграниот дуел решија физички да се пресметаат со судискиот пар.

Светската ракометна федерација по анализата за целата ситуација донесе одлука Бахреин да нема право да биде организатор на никакво натпреварување, без разлика дали станува збор за континентално или меѓународно во следните две години.

Освен тоа, петмина репрезентативци на Бахреин зработија драстични казни и нема да можат да се натпреваруваат во следниот период.

Хусаин Ал Сајад заработи суспензија од 12 месеци, девет месеци надвор од ракометот ќе биде Али Мерза, по три месеци суспензија добија Мохамед Хабиб и Мохамед Мерза, додека два месеци суспендиран Мохамед Хусаин.

🎥 Инцидент на Азиското првенство: Бахреинците му се „пуштија“ на судијата, има и уапсени!