🎥 Инцидент на Азиското првенство: Бахреинците му се „пуштија“ на судијата, има и уапсени!

Полуфиналето од Азиското првенство помеѓу Бахреин и Јапонија го одбележа тежок инцидент кој по завршувањето на мечот беше инициран од домашните ракометари. Бахреин кој важеше за фаворит беше поразен од Јапонија со 17:20, а за домаќините главен кривец за тој епилог беше судијата. По означувањето на крајот на натпреварот неколку ракометари на Бахреин се пуштија физички да се пресметаат со судијата, а којзнае како ќе завршеше сето тоа ако не интервенираа редарите кои спречија голем инцидент.Епилогот од целокупната мешаница беше неколкумина уапсени ракометари на Бахреин, кои практично ја оставија својата репрезентација на цедило во престојниот натпревар за третото место. По нивна среќа домаќинот славеше на тој меч и успеа да го освои бронзениот медал, во меч во кој не се повторија немили сцени како на дуелот со Јапонија.