Тимот на ПАОК, каде што настапуваат двајцата македонски интернационалци Виктор Гигов и Дарко Георгиевски, запиша триумф во грчкиот шампионат.
ПАОК на домашен терен во Солун славеше против Ксанти со 29-26, откако и на полувремето водеше со 12-9.
Македонскиот бек беше меѓу најдобрите во победничкиот состав и успеа да постигне четири погодоци во противничката мрежа.
ПАОК сега има 19 бодови и се наоѓа на шестото место на табелата пред стартот на плеј-офот, а во 21 коло ќе игра на гости кај Врилисија.