Галевски: Задоволство е да се биде дел од сениорската репрезентација

По настапот на Европското првенство во Германија, машката репрезентација на Македонија денеска го имаше првиот собир.

Македонската репрезентација за време на ЕХФ неделата ќе одигра два пријателски натпревари против Романија.

За првпат меѓу сениорите повикан е младиот голман Иван Галевски, кој ќе добие шанса да ги покаже своите квалитети.

,,Чест и задоволство ми е што сум дел од сениорската репрезентација. Ова претставува мотив повеќе за мене во развојот на мојата кариера. Чувството е одлично, ќе можам да учам од поискусните. Ќе се обидам да се наметнам и да стекнам интернационално искуство. Секако дека Романија е добар тест пред натпреварите против Фарски Острови“, изјави Галевски.

Пријателските дуели со репрезентацијата на Романија ќе се одиграат на 15 и 16 март во романскиот град Браила.

Лазаров: Романија е добар тест пред бараж двомечот со Фарски Острови