Фуксе Берлин ќе ја брани титулата во ЛЕ

Екипата на Фуксе Берлин со победата над Рајн Некар од 33:24 во второто полуфиналето од Лигата на Европа ќе ја брани титулата освоена од минатата сезона.

Ривал на Фуксе Берлин во финалето ќе биде тимот на Фленсбург, кој во првото полуфинале славеше над Динамо Букурешт со 38:32.

Рајн Некар на полуфиналниот дуел се обидуваше да биде поконкурентен, парираше до 15 минута, потоа работите започнаа да се движат во посакуваната насока на „лисиците“, кои постепено ја зголемуваа предноста за конечни девет гола разлика.

Фуксе Берлин на пауза замина со предност од 14:9 и рутински ги одработи вторите 30 минути, во кои тимот од Манхјам влезе во уште поголема криза и никако не можеше да заигра на потребното ниво.

Најефикасни во победничката екипа беа Ласе Андерсон и Матијс Гидсел, двајцата репрезенаттивци на Данска постигнаа по седум погодоци. На спротивната страна, младиот Јури Кнор исто така запиша седум реализации.

Минатата сезона Фуксе Берлин во финалето од Лигата на Европа славеше над Гранољерс, додека третопласиран беше Гепинген, кој во дуелот за бронзата го совлада Монпелје.

Финалето меѓу Фленсбург и Фуксе Берлин, како и мечот за третото место, ќе се одиграат во утрешниот ден. Натпреварот за златниот медал е закажан за 18:00 часот, додека за третото место три часа порано, односно во 15:00 часот.

Јакобсен броеше до 11, Фленсбург моќно до финалето на ЛЕ!