Репрезентацијата на Хрватска вечерва против Франција ќе се бори за пласман во финалето на Светското првенство 2025.
Хрватите во 2009 година го одиграа последното финале на Мундијалите, па така избраниците на Сигурдсон ќе имаат мотивација повеќе против ,,триколорите”.
Во „Загреб Арена“ веќе пристигнуваат навивачи од цела Хрватска, а ракометарите на Франција беа исвиркани уште на самото загревање.
Полуфиналниот натпревар меѓу Хрватска и Франција е на програмата од 21:00 часот.