Фленсбург подготвува понуда за данската ѕвезда

Според пишувањата на реномираниот германски весник „Билд“, тимот на Фленсбург, за 2026-та година планира во своите редови да ја донесе ѕвездата на Данска, Матијас Гидсел.

Данецот, кој имаше неверојатен подем во својата кариера, моментално е член на Фуксе Берлин, тим кој што е еден од ривалите на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите.

Бидејќи десниот бек со Фуксе Берлин има активен договор до 2028, сигурно понудата за Гидсел би била многу висока, можеби ќе се случи и рекорден трансфер.

Гидсел до сезона 2021/22 беше член на ГОГ, а од сезона 2022/23 го носи дресот на „лисиците“.