Фленсбург и Фуксе Берлин ги поделија бодовите во бундеслигашкото дерби

Во рамки од 25. коло од Бундес лигата се сретнаа актуелниот лидер Фуксе Берлин со моментално третопласираниот Фленсбург.

По големата борба, конечниот исход од неизвесниот дуел беше 31:31 (17:17), па така двете екипи ќе мора да се задоволат со по бод.

Голот за реми го постигна членот на Фуксе Берлин, Ласе Андерсон, кој во последните секунди им донесе важен бод на „лисиците“.

Најефикасни во редовите на Фленсбург беа Емил Јакобсен со осум и Јоханес Гола со шест погодоци.

Кај Фуксе Берлин прво име беше Матијас Гидсел со девет погодоци, два помалку имаше неговиот сонародник Ханс Линдберг.

Фленсбург иако не победи, сепак, останува во игра за првата позиција на табелата, сега има 33 бодови.

Фуксе Берлин во досегашниот тек од сезоната на 22 натпревари оствари дури 18 победи, три реми и забележаа само еден пораз.