Европските купови се враќаат на сцена – големи предизвици за македонските интернационалци

По женската и машката ЕХФ недела, претстојниот период се враќаат на сцена европските купови.

Меѓу интернационалците, Македонија ги има Сара Ристовска со Рапид Букурешт, Филип Талески со Бенфика, како и Бојан Маџовски и Драгана Петковска со Партизан, односно Јувента Михаловце.

Ристовска за ТОП 8 во ЛШ ќе се бори со градскиот ривал ЧСМ Букурешт, додека Талески ќе оди на мегдан на данскиот ГОГ Гудме во рамките на ЛЕ. Петковска со Јувента Михаловце се фаворити за место во финалето, додека Маџовски со Партизан ќе бидат дел од дербито на четвртфиналето на Европскиот Куп против АЕК Атина.

Викендов ќе се играат натпреварите од осминафиналето на женската Лига на шампиони, од четвртфиналето на женската Лига на Европа, полуфиналето од женскиот Европски Куп, како и четвртфиналето од машкиот Европски Куп.

Потоа во вторник на програмата ќе бидат четирите средби од осминафиналето во машката Лига на Европа, додека в среда и четврток на терен излегуваат екипите во машката Лига на шампиони.

Единствен тим од Македонија што е активен на европска сцена се „сино-белите“ од Автокоманда, кои ќе се соочат со романската Баја Маре.

Лига на шампиони, жени, осминафинале:

22/03, 16:00, Подравка – Брест Бретањ
22/03, 18:00, Рапид Букурешт – ЧСМ Букурешт
23/03, 14:00, Лудвигсбург – Крим
23/03, 16:00, Сторхамар – Оденсе

Лига на Европа, жени, четвртфинале:

22/03, 16:00, Турингер – Валчеа
23/03, 14:00, Икаст – Дунареа Браила
23/03, 16:00, Дижон – Бенсхајм
23/03, 18:00, Бера Бера – Бломберг

Европски Куп, жени, полуфинале:

23/03, 17:00, Јувента Михаловце – Валур
23/03, 19:00, Порињо – Кинжварт

Европски Куп, мажи, четвртфинале:

22/03, 18:00, Хаукар – Извиѓач
22/03, 18:00, АЕК Атина – Партизан
23/03, 17:00, Олимпијакос – Рунар Сандефјорд
23/03, 17:00, Баја Маре – Алкалоид

Лига на Европа, мажи, осминафинале:

25/03, 18:45, Криенс Луцерн – Лимож
25/03, 18:45, Гумерсбах – Мелсунген
25/03, 20:45, Бенфика – ГОГ Гудме
25/03, 20:45, Порто – Тулуз

Лига на шампиони, мажи, осминафинале:

26/03, 18:45, Динамо Букурешт – Магдебург
26/03, 20:45, Келце – Фуксе Берлин
27/03, 18:45, ПИК Сегед – ПСЖ
27/03, 20:45, Висла Плоцк – Нант