Европскиот првак во последниот дел го скрши отпорот на ГОГ

Актуелниот европски првак, тимот на Магдебург, во рамки од 7. коло од Лигата на шампионите го совлада ГОГ со 35:27.

Иако гостите од Данска водеа во најголемиот дел од првото полувреме, сепак, на пауза се замина со 16:16, додека во вториот дел до 45 минута имаше постојана резултатска бркотница.

Домаќините отпорот на гостите го скршија дури во последниот период од дуелот кога го соприја налетот на данскиот шампион и од 26:26 дојдоа до недостижна предност од 32:26.

Најефикасен во составот на Магдебург беше Михаел Дамгард со седум погодоци, кај поразениот табор се истакна Емил Мадсен со осум реализации.

Овие две екипи следниот викенд ќе имаат повторно пресметка, а домаќин ќе биде данскиот шампион.