Европскиот шампион Магдебург забележа уште една победа над ГОГ Гудме, овојпат на гостувањето во Данска со 32-25, во рамките на 8 коло од Лигата на шампионите.
Уште на стартот на мечот, избраниците на Бенет Вигерт најавија дека се дојдени по два бода и поведоа со 6-2.
Предводени од голманот Никола Портнер, кој имаше 15 одбрани, Магдебург до паузата ја задржа високата предност, 17-13.
Во второто полувреме, колку и да се трудеа Мортен Олсен и неговите соиграчи не успеваа да ја намалат негативата, а во еден момент губеа и со десет гола.
Најдобри стрелци кај Магдебург беа Клар со седум, како и Дамгард и Магнусон со по шест погодоци, додека кај ГОГ се истакнаа Мадсен и Олсен со по пет гола.