Денеска во Осло беше одржана ждрепката за групната фаза од Светското првенство за младинци што ќе се игра во Полска.
Македонија ќе игра во групата Ф против селекциите на Исланд и Романија, како и против репрезентацијата што ќе добие вајлд-карта од ИХФ, а нема да биде изненадување ако тоа е европска селекција.
Исто како и на кадетското СП 2023 во Хрватска, така и сега, избраниците на Раде Стојановиќ ќе се соочат со репрезентации од Европа.
Македонија ќе биде во групата Ф, што ќе се игра во Катовице, а ќе вкрсти во главната рунда со најдобрите две репрезентации што се дел од групата Е со Данска, Франција, Мароко и Мексико.
Мундијалот ќе се игра од 18 до 29 јуни во четири полски градови – Плоцк, Келце, Катовице и Сосновиец.