Еурофарм Пелистер во поход на Букурешт – стартува младинската Лига на шампиони!

Младинската екипа на Еурофарм Пелистер денеска патува за романскиот главен град Букурешт, каде ќе се игра квалификацискиот турнир за место на Ф4 во Лигата на шампионите.

Полуфинален ривал на избраниците на Фарук Мемиќ и Кире Митревски ќе биде полскиот Келце, додека во вториот полуфинален двобој ќе се сретнат домаќинот Динамо Букурешт и полската Висла Плоцк.

Победниците од двете средби ќе играат за пласман на завршниот турнир во Келн што ќе се игра на 14/15 јуни.

Полуфиналните натпревари се на програмата на 17 април, а пелистерци ќе играат во првиот термин од 15:30 часот. На 18 април се битката за трето место (15:30 часот) и финалето (18:00 часот).

Завршниот турнир во младинската ЛШ ќе се одигра во „Ланксес Арена“ во Келн паралелно со сениорскиот Ф4.