Еурофарм Пелистер се комплетира – пристигна „џин“ од Полска!

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер пред стартот на пролетниот дел од сезоната донесе ново засилување во своите редови.

Станува збор за кружниот напаѓач од Полска, Матеуж Пиеховски, кој во редовите на битолскиот тим пристигна од Бешикташ.

Повремениот полски репрезентативец и ракометар со големо искуство низ европските лиги веќе е во Битола и му се става на располагање на стручниот штаб.

28-годишниот Пиеховски е дете на Висла Плоцк, а настапувал и за шпански Адемар Леон, руски Виктор Ставропол, германски Емшдетен и турски Бешикташ, клуб во кој го имаше последниот ангажман.

210-сантиметри високиот Пиеховски играч за полската национална репрезентација и на големи натпреварувања, а низ кариерата настапувал и во сите натпреварувања на ЕХФ.

Пиеховски со Еурофарм Пелистер потпиша договор на една и пол година и официјално ќе биде претставен следната недела.