Еурофарм Пелистер подготвен за прв сезонски триумф во елитата (ФОТО)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер во рамки од 5. коло од Лигата на шампионите за ривал го имаат хрватскиот шампион Загреб.

Пелистерци денес пристигнаа во хрватската престолнина и во вечерните часови го одработија тренингот пред утрешниот дуел и се запознаа со арената каде што ќе се игра натпреварот.

Еурофарм Пелистер во досегашниот тек од сезоната во европската елита на четири одиграни натпревари не успеа да освои бод.

Ракометарите на Загреб имаат една победи и едно реми и во дуелот со битолчани ќе атакуваат на втора сезонска победа во Лигата на шампионите.

Натпреварот меѓу Загреб и Еурофарм Пелистер се игра утре со почеток од 18:45 часот.