Битола и Македонија и во следната сезона ќе гледаат елитен ракомет, а македонскиот шампион ќе биде дел од најквалитетно европско клупско натпреварување, откако Еурофарм Пелистер доби вајлд-карта за ЛШ.
Според одлуката на Комисијата на ЕХФ, а која ја потврди и Извршниот Комитет, битолчани втора сезона по ред ќе играат во групите од Лигата на шампионите.
Иако Македонија немаше рејтинг за шампионот да добие директно место, сепак ЕХФ го препозна проектот на Еурофарм Пелистер и му додели вајлд-карта на битолскиот клуб.
Покрај нашиот првак, покани за Лигата на шампионите добија полскиот Келце, унгарскиот ПИК Сегед, францускиот Нант, потоа романскиот Динамо Букурешт, хрватскиот Загреб и данската Фредериција.
Ждрепката за групната фаза во Лигата на шампионите ќе се одржи во Виена на 27 јуни, а системот на натпреварување останува непроменет – две групи по осум екипи.