По Ф4 кај младинците, познати се и учесниците на завршниот турнир во машката кадетска лига што ќе се борат за титулата.
Сите четири екипи што се пласираа на завршниот турнир меѓу најдобрите, забележаа двојни победи над своите ривали.
Струга го елиминира составот на Борец ФЛ од Велес, Еурофарм Пелистер беше подобар во двомечот од Охрид, а Пролет два пати го победи Куманово.
Битолчани во групната фаза забележаа 16 победи на 16 меча, плус овие две во четвртфиналето, па без ниту еден загубен меч ќе бидат прв фаворит за тронот.
Завршниот турнир ќе се одржи на 10/11 мај, а дополнително ќе бидат познати двојките и саатниците за Ф4.
Кадети, четвртфинале, реванш натпревари, резултати:
Струга – Борец ФЛ 33-21 (36-34)
Мулти Есенс – Македонија Ѓорче Петров 35-31 (44-32)
Еурофарм Пелистер – Охрид 42-30 (25-22)
Куманово – Пролет 31-32 (20-32)