Еурофарм Пелистер 2 подобар во „контролката“ од Струга

Тимот на Еурофарм Пелистер 2 славеше убедливо против Струга со 29-19 во првиот пријателски натпревар за двете екипи пред стартот на пролетниот дел од сезоната.

Битолчани по првото полувреме имаа предност од четири погодоци, 14-10, а во вториот дел ја зголемија разликата во нивна корист.

Стружани успеаја да ја стопат негативата најмногу на минус два во второто полувреме, но немаа сили да се изборат за камбек и на крајот загубија убедливо.

Еурофарм Пелистер 2 во пролетниот дел од сезоната ќе се бори за опстанок во елитната конкуренција, додека Струга ќе биде дел од плеј-офот.