По одигрувањето на денешните натпревари, познати се полуфиналистите на Европското првенство за младинци во Словенија.
Португалија во директен дуел ја совлада Австрија со 31-23 и го обезбеди првото место во групата Г, додека Шпанците не дозволија со Исланд, славеа со 37-30 и од второто место одат во полуфиналето.
Во групата Х, Германија по херојскиот камбек против Шведска и освоениот бод, 27-27, го потврди своето место во ТОП 4. Иако скандинавскиот ривал водеше со плус три, 27-24, сепак ја испушти предноста и на крајот ќе мора да се задоволи со битка од 5 до 8 место заедно со Австрија, Исланд и Норвешка.
Во полуфиналето, Португалија ќе игра со Германија, додека Шпанија ќе се сретне со Данска.
Европско првенство, младинци:
1-8 место:
група Г
Aвстрија – Португалија 23-31
Шпанија – Исланд 37-30
група Х
Норвешка – Данска 29-33
Шведска – Германија 27-27
9-16 место:
група И
Македонија – Франција 18-25
Полска – Романија 30-32
група Ј
Хрватска – Србија 31-27
Унгарија – Словенија 29-29
17-24 место:
група К
Фарски Острови – Чешка 33-28
Израел – Украина 30-19
група Л
Италија – Швајцарија 30-39
Црна Гора – Грција 25-32