Екс ракометарката на Вардар, Андреа Лекиќ, која моментално го носи дресот на Ференцварош, досега има постигнато 986 погодоци во Лигата на шампионите.
На искусната ракометарка и недостасуваат уште 14 гола за да влезе во „Клубот 1000“, во кој сѐ уште Јованка Радичевиќ, легендарната Анита Гербиц и романската репрезентативка Кристина Неагу.
Фернецварош до крајот од регуларниот дел од Лигата на шампионите ќе одигра уште осум натпревари, па за очекување е дека Лекиќ ќе ја надмине границата од 1000 погодоци.
Србинката најмногу погодоци за една сезона постигна токму во дресот на „црвено-црните“.
Лекиќ во првата сезона во Вардар постигна 85 погодоци и го водеше некогашниот македонски првак до пласман на Ф4 турнирот во Будимпешта.
Поранешната репрезентативка на Србија во Вардар мина пет сезони, потоа играше за ЧСМ Букурешт, Будуќност и Крим Меркатор.