Екс вардарката Херем испиша историја – стана прва дама што има медали од шест Мундијали!

Репрезентацијата на Норвешка во финалето на Мундијалот загуби од Франција со 31-28, но две ракометарки ќе се сеќаваат на овој меч и по добри работи.

Искусните Камила Херем и Катрин Лунде во својата колекција сега имаат дури шест медали од Мундијалите!

Тие станаа првите ракометари кои имаат вакво достигнување и сигурно дека во иднина ваквото друштво нема лесно да се пополнува.

Лунде од настапите на Мундијалите има две злата, две сребра и еден бронзен медал, додека екс вардарката Херем има три златни медали и по еден сребрен и бронзен.

Гол вреден финале – еве како Реистад ја расплака Данска (ВИДЕО)

СП 2023: Трилер полуфинале – светскиот првак ќе ја брани титулата