Катерина Дамјаноска ги одигра првите натпревари за Таргу Муреш

Македонската репрезентативка Катерина Дамјаноска ги одигра првите натпревари за нејзиниот нов клуб Таргу Муреш.

Романската екипа веќе одигра повеќе пријателски средби пред официјалниот старт на сезоната, а Дамјаноска полека си го наоѓа своето место во екипата.

Таргу Муреш го победи Миовени со 39-33, а кружниот напаѓач даде четири гола на оваа средба, додека во вториот меч против истиот ривал и победата со 38-29, македонската репрезентативка постигна еден гол.

Во поразот од Крајова со 34-31, кружниот напаѓач од Македонија беше стрелец на три голови.