Моника Килдан Јанеска ќе ја менува Јелиз Озел во Бурса!

Македонската интернационалка Моника Килдан Јанеска и во новата сезона ќе настапува во турскиот шампионат.

Килдан Јанеска по две сезони замина од Трабзон Ортахисар, каде се врати по паузата за бременост и од ова лето ќе го носи дресот на Бурса Бујуксехир.

Јанеска која потекнува од Гостивар, во Македонија настапуваше за Кале Кичево, Вардар и Гевгелија, а потоа беше дел од унгарскиот Мошонмаѓаровар.

Најдолго време помина во Турција, каде ги носеше дресовите на Мардин Башакспор, Мудања Беледијеспор, Ардесен, Анкара, Koњалти Анталија…

Јанеска Килдан ќе биде замената во Бурса за легендарната Јелиз Озел, која замина од клубот.