Некогашната руска репрезентативка во младинските категории и поранешна членка на Вардар, Алена Ихнева, откри дека можела да заигра за Турција.
Во интервју за рускиот „Брз Центар“, Ихнева вели дека таа би била во комбинација за настап на ЕП 2024, но доколку не се променело раководството на федерацијата.
„Добив конкретен предлог и бев подготвена да се согласам. Во теорија ќе можев да играм за Турција на последното ЕП. Но се промени претседателот на турската федерација, се промени и селекторот, па тоа некако се заборави. Веројатно можноста останува, но сега не е толку важна за мене, како што беше пред една година. Таа страница не е затворена, но сега топката е префрлена на турска страна“, вели Ихнева.
Ихнева, која потекнува од Лада Тољати, ги бранеше боите на Вардар од 2014 до 2016 година, а пота играше за францускиот Флери Луар, руската Астраханочка, хрватската Подравка, унгарската Кишварда, како и турските Кастамону и Коњалти Анталија, каде освои и трофеј во Европскиот Куп.