Десното крило Мартин Димов по една сезона си замина од составот на Радовиш, кој испадна во прволигашката конкуренција.
Искусниот велешанец, кој беше меѓу најдобрите стрелци на радовишани минатата сезона, од ова лето ќе има нов предизвик во кариерата.
Димов почетоците ги имаше во Вардар Јуниор каде играше долго време, потоа беше дел од Бутел Скопје, па од Пролет.
По настапите во скопските екипи, се врати во родниот град и го носеше дресот на Борец ФЛ, пред да замине во Радовиш.






















