Словенечкиот интернационалец Грегор Оцвирк , кој во својата интернационална кариера има настапувано за Вардар, одлучи да се проба во Унгарија.
Левиот бек во новата сезона ќе го носи дресот на унгарскиот суперлигаш Плер од Будимпешта. Станува збор за клуб кој што во изминатата сезона успеа да избори опстанок во унгарската елита.
Искусниот ракометар во Плер ќе пристигне од составот на Ал Аин, во овој клуб играше во последните три месеци.
Претходно настапуваше за Војводина, Кристијанштад, Ормож, Марибор….Со тимот на Војводина во сезона 2022/23 ја освои титулата во Лигата на Европа.
Оцвирк своевремено беше прогласен за МВП на младинско Европско првенство, потоа дојде во Вардар, но кариерата не му се развиваше според очекувањата.