Македонија ќе нема претставници меѓу официјалните лица на претстојното Европско првенство за жени во Унгарија, Австрија и Швајцарија.
Европската ракометна федерација денеска ги објави судиските двојки, меѓу кои нема македонски арбитри.
ЕХФ номинираше 18 судиски парови, меѓу кои има осум женски, што ќе судат 65 натпревари од 28 ноември до 15 декември.
Прелиминарните групи на континенталниот собир ќе се игра во Дебрецин, Базел и Инсбрук, потоа главната рунда во Дебрецин и Виена, а завршниот викенд во австриската престолнина.
ЕП 2024, судии:
Вранеш/Венингер (Австрија)
Праштало/Балван (Босна и Херцеговина)
Дојчинов/Горецов (Бугарија)
Алварез Мата/Бустаманте Лопез (Шпанија)
Кармо/Мурш (Франција)
Мерц/Кутлер (Германија)
Алтмар/Хорват (Унгарија)
Стела Мериси/Алехандра Пепе (Италија)
Барисас/Петрусис (Литванија)
Ковалчук/Ковалчук (Молдавија)
Вујачиќ/Казанегра (Црна Гора)
Веијманс/Волбертус (Холандија)
Брасет/Сундет (Норвешка)
Ловин/Станку (Романија)
Бацковиќ/Палачковиќ (Словенија)
Антиќ/Јаковљевиќ (Србија)
Хатипоглу/Симсек (Турција)
Дупли/Победрина (Украина)
Македонија ќе биде дел од групата А во Дебрецин и ќе игра против домаќинот Унгарија, Шведска и Турција.