Европската ракометна федерација го прекрши досегашното непишано правило и по друг принцип ги размести 16 екипи пред ждрепката за осминафиналето во Европскиот Куп.
Иако македонскиот шампион според првичниот рејтинг пред стартот на сезоната, требаше да биде во прв шешир, сепак тоа не е случај и Ѓорче Петров ждрепката ќе ја чека од вториот шешир.
Двете промени се однесуваат на Ѓорче Петров и на Салерно, кои според рејтингот требаше да бидат во прв шешир, но на нивното место таму ќе бидат шпанските Елче и Гранољерс.
Македонскиот шампион може да игра против една од трите шпански екипи, хрватскиот Бјеловар, словачката Јувента, португалската Бенфика, турскиот Јаликавак и чешкиот Кинзварт, кој се чини дека би бил најдобар избор за ѓорчепетровски.
Првиот натпревар од осминафиналето на Европскиот Куп ќе се игра на 13/14 јануари 2024, додека реваншот е една недела подоцна. Ждрепката ќе се одржи на 21 ноември во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена со почеток во 11:00 часот.
Европски Куп, осминафинале, ждрепка:
шешир 1
Гран Канарија (Шпанија)
Бјеловар (Хрватска)
Јаликавак (Турција)
Јувента Михаловце (Словачка)
Лазне Кинзварт (Чешка)
Бенфика (Португалија)
Гранољерс (Шпанија)
Елче (Шпанија)
шешир 2
Ѓорче Петров (Македонија)
Салерно (Италија)
Венло (Холандија)
Млинотест Ајдовшчина (Словенија)
Јенимале (Турција)
Мадеира (Португалија)
Пилаја (Грција)
Ериче (Италија)