Репрезентативката на Холандија Тес Вестер, објави дека ќе ја заврши кариерата по завршувањето на тековната сезона.
Искусната голманка моментално настапува за Борусија Дортмунд, а претходно играше и за Олденбург, Битигхајм, Одензе и ЧСМ Букурешт.
Минатата година се повлече од националниот дрес и местото им го отстапи на помладите. За репрезентацијата на Холандија одигра 152 натпревари и беше меѓу најзаслужните за освоеното злато на Светското првенство 2019.
Во својата колекција медали има и сребро и бронза од Мундијалите во 2015 и 2017, како и сребро и бронза од континенталните собири во 2016 и 2018 година.
На Светските првенства во 2015 и 2019 година беше избрана за најдобра голманка, а пред три години паузираше подолго време поради приватни причини.