Една од најдобрите германски ракометарки се враќа дома

Една од најдобрите германски репрезентативки, Алина Грејселс, по речиси две сезони поминати во странство, одлучи да се врати во својата татковина.

Средниот бек минатата сезона од Мец се пресели во поранешниот европски првак ЧСМ Букурешт, но од лето повторно ќе го носи дресот на Борусија Дортмунд.

28-годишната ракометарка настапуваше за Борусија Дортмунд од 2014 до 2023 година и беше меѓу најзаслужните за успесите на тимот на европската сцена.

Двапати беше прогласена за најдобра ракометарка на Германија, во 2021 и 2022 година. Искусната ракометарка со раководството на Борусија Дортмунд се договори за двегодишна соработка.