Eуро2020: Само Норвешка перфектна, со седум од седум во полуфиналето во Стокхолм

Репрезентацијата на Норвешка е единствената која во досегашниот дел од Европското првенство има перфектен биланс односно има седум победи на седум средби.

Норвежаните кои во првата фаза играа како домаќини во Трондхајм во вториот дел се најдоа во Малме, но и таму продолжија со одличната игра. Одработеа одлични натпревари на кои само потврдија дека на овој шампионат можеби го играат и најдобриот ракомет.

Едноставно беа без конкуренција и успеаја да дојдат до нови четири победи, па со вкупно седум одат во полуфиналето.

И Шпанија и Хрватска одат без пораз. Тие после шест победи ремизираа во меѓусебниот двобој така што покажаа одличен ритам и исто така одат во Стокхолм без пораз.

Единствената селекција која има загубено е Словенија. Оваа репрезентација претрпе два порази, прво минимално од Унгарија, а потоа и вчера во последното коло од втората фаза од Групата 2 од Норвешка. Сепак, ова не мора ништо да значи во полуфиналето кое се игра утре.

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО (ВТОРА ФАЗА)

ГРУПА 1 (ВИЕНА)

1.КОЛО

ШПАНИЈА – ЧЕШКА      31:25

Анхел Перез 5, А. Душебаев 5, Македа 3 – Здрахала 8, Каспарек 6, Бечвар 4

ХРВАТСКА – АВСТРИЈА           27:23

Хорват 6, Дувњак 5, Циндриќ 5 – Вебер 6, Цајнер 4, Билик 3

БЕЛОРУСИЈА – ГЕРМАНИЈА   23:31

Кулеш 6, Шилович 4, Вајлупов 4 – Кастенинг 6, Вебер 4, Кун 4

2.КОЛО

БЕЛОРУСИЈА – ЧЕШКА            28:25

Вајлупов 6, Јуринок 5, Каралек 5 – Здрахала 7, Каспарек 6, Бабак 2

ШПАНИЈА – АВСТРИЈА        30:26

Македа 6, Фигерас 4, Арињо 4 – Божовиќ 5, Фримел 4, Билик 3

ХРВАТСКА – ГЕРМАНИЈА        25:24

Карачиќ 7, Дувњак 5, Степанчиќ 4 – Генсхајмер 4, Рахјман 4, Вебер 4

3.КОЛО

ХРВАТСКА – ЧЕШКА     22:21

Мамиќ 5, Мариќ 3, Степанчиќ 3 – Здрахала 7, Хрстка 4, Каспарек 3

БЕЛОРУСИЈА – ШПАНИЈА       28:37

Вајлупов 8, Кулеш 6, Јуринок 3 – Фернандез Перез 7, Соле 7, Македа 6

АВСТРИЈА – ГЕРМАНИЈА         22:34

Билик 5, Пош 4, Божовиќ 3 – Кастенинг 6, Рајхман 5, Пекелер 4

4.КОЛО

ХРВАТСКА – ШПАНИЈА               22:22

Карачиќ 10, Шипиќ 3, Дувњак 2 – А. Душебаев 6, Гомез Абељо 4, Енерериос 4

БЕЛОРУСИЈА – АВСТРИЈА           36:36

Вајлупов 12, Каралек 7, Никуленков 4 – Билик 7, Фримел 6, Божовиќ 5

ЧЕШКА – ГЕРМАНИЈА                22:26

Бабак 5, Земан 3, Каспарек 3 – Вебер 5, Рајхман 4, Хефнер 4

ТАБЕЛА: 1. Шпанија 9 бода (153:127); 2. Хрватска 9 (127:113); 3. Германија 6 (141:125); 4. Австрија 3 (139:156); 5. Белорусија 3 (138:160); 6. Чешка 0 (122:139).

ГРУПА 2 (МАЛМЕ)

1.КОЛО

СЛОВЕНИЈА – ИСЛАНД    30:27

Бомбач 9, Благотиншек 4, Доленец 4 – Елисон 6, Кристјансон 5, Смарасон 4

НОРВЕШКА – УНГАРИЈА          36:29

Сагосен 7, Јоханесен 6, Јондал 5 – Лигетвари 5, Наѓ 5, Балог 3

ПОРТУГАЛИЈА – ШВЕДСКА    35:25

Фераз 6, Силва 6, Магељаеш 6 – Петерсон 4, А. Нилсон 4, Толбринг 3

2.КОЛО

ПОРТУГАЛИЈА – ИСЛАНД        25:28

Мартинс 4, Ареја 4, Кавалканти 3 – Смарасон 8, Палмарсон 5, Петерсон 5

СЛОВЕНИЈА – УНГАРИЈА         28:29

Доленец 8, Мацковшек 5, Благотиншек 4 – Банхиди 9, Лигетвари 6, Наѓ 3

НОРВЕШКА – ШВЕДСКА          23:20

Сагосен 8, Оверби 3, Јондал 3 – Пелас 5, Толбринг 3, Лагергрен 3

3.КОЛО

ПОРТУГАЛИЈА – СЛОВЕНИЈА    24:29

Гомеш 6, Фраде 4, Портела 3 – Јанц 7, Доленец 6, Мачковшек 6

НОРВЕШКА – ИСЛАНД                31:28

Сагосен 9, О’Саливен 6, Јондал 4 – Гудмундсон 6, Гунарсон 4, Јохансон 3

УНГАРИЈА – ШВЕДСКА                18:24

Сита 4, Мате 3, Банхиди 3 – Пелас 5, Готфридсон 5, Нилсон 4

4.КОЛО

ПОРТУГАЛИЈА – УНГАРИЈА        34:26

Мореира 7, Салина 5, Боргес 5 – Балог 5, Банхиди 5, Бока 4

НОРВЕШКА – СЛОВЕНИЈА          33:30

Гуликсен 7, Оверјордет 5, Танген 5 – Цехте 5, Кодрин 5, Хорцен 4

ИСЛАНД – ШВЕДСКА                  25:32

Кристјансон 5, Елисон 5, Петерсон 3 – А. Нилсон 7, Толбринг 5, Арнесон 5

ТАБЕЛА: 1. Норвешка 10 бода (157:135); 2. Словенија 6 (138:132); 3. Португалија 4 (146:142); 4. Шведска 4 (120:122); 5. Унгарија 4 (126:140); 6. Исланд 2 (126:142).