Германија во победнички ритам во мечот за 5. позиција

Репрезентацијата на Германија успеа да ја совлада слекцијата на Чешка со 26:22 и да ја потврди 3. позиција во групата 1 која се играше во Виена.

Репрезентативците на Чешка долго беа рамноправни на дуелот. Иако натпреварот беше формалност и ништо не решаваше борбата на теренот не изостана. Првото повисоко водство го имаше Германија во 15. минута кога поведе со 6:3.

До крајот водството постојано беше на страната на Германија од два до три гола, а така беше и на полувремето, 13:10.

Чешка имаше одлично отварање на вториот дел и со серија од 4:0 поведе со 14:13. Германците брзо возвратија, па водството повторно беше на нивна страна и успешно го контролираа во текот на останатиот дел од мечот. Целосно отпорот на Чешка беше скршен во 53. минута кога Хефнер погоди за 23:19. До крајот немаа проблеми да стигнат до победата.

Бабак во тимот на Чешка беше најефикасен со пет погодоци, додека Кашпарек и Земан постигнаа по три гола. Во составот на Германија, Вебер погоди петпати, а Хефнер и Рајхман постигнаа по четири гола. Јоханес Битер беше одличен на голот со 12 интервенции.

На репрезентацијата на Германија и преостанува да одигра уште еден натпревар во кој ќе се бори за 5. позиција на шампионатот.