Eгипетска гол машина – постигна 38 голови на три натпревари!

Египетскиот ракометар од редовите на Ним, Мохамед Санад има фантастичен месец зад себе. Голгетерот на францускиот тим во месец април на три натпревари постигна неверојатни 38 гола.

Одличниот период за Санад започна против Шамбери во првиот ден од месец април кога од 13 обиди имаше само едно промашување и постигна 12 гола.

Потоа седум дена подоцна на домашен терен против Шарт, од 16 обиди постигна гол повеќе од претходниот натпревар, вкупно 13. Поради паузата во ЕХФ неделата следниот натпревар Ним го играше на 29 април.

Противник беше тимот на Саран и против овој тим Санад постигна уште 13 голови со што се доаѓа до бројката од 38.

Вкупниот процент на реализација на Санад во овие натревари е 86% или 38 гола од 44 обиди. Импресивно…