Десниот бек Нејц Цехте и чуварот на мрежата Урбан Лесјак, добија повик за националниот тим на Словенија во претстојната ЕХФ недела.
Селекторот Урош Зорман повика 21 ракометар меѓу кои се и двајцата ракометари на македонскиот шампион Еурофарм Пелистер.
Покрај Лесјак на голманската позиција повик добија Клемен Ферлин и Милјан Вујовиќ, додека меѓу десните бекови се повикани уште и Јуре Доленец и Тадеј Кљун.
Селекцијата на Словенија ќе одигра два пријателски натпревари против Србија на 4 и 5 ноември во Чрномељ и Кочевје.