Прволигашот со суперлигашки амбиции, Драчево, го промовираше седмото засилување за пролетниот дел од сезоната.
Станува збор за повратникот Кристијан Анѓелковски, кој по кратката епизода во Металург РА се враќа во Драчево.
Станува збор за ракометар со суперлигашко искуство во времето кога играше за Вардар Јуниор и Работнички, а има запишано и настапи за првиот тим на Вардар во рамките на регионалната СЕХА лига.
Драчево претходно ги донесе Стефан Крстески, Наум Симјановски, Аритон Тодосов, Давид Младеновски, Давид Богоевски и Благој Христовски.
Избраниците на Велимир Настески се на лидерското место на табелата во групата Б од Првата лига заедно со Младост Богданци и Македонија Ѓорче Петров со по 19 бодови.