Екипата на Овче Поле Славјански Универзитет во новата сезона ќе биде посилна за голманката Дона Маркоска, која пристигнува од составот на Пелистер.
Поранешната кадетска репрезентативка ја започнала својата кариера во школата на Сани во родниот Охрид и се очекува да претставува големо засилување во ростерот кој го предводи тренерот Илија Бетувски.
Од клубот информираат дека се во преговори со уште неколку ракометарки, по што ќе биде комплетиран конечниот состав за претстојната сезона.
Доколку се реализираат најавите за формирање две лиги во женскиот ракомет, екипата на Овче Поле Славјански Универзитет ќе настапува во рамките на прволигашката конкуренција.