Романскиот шампион Динамо Букурешт за разлика од ланската сезона, оваа доби вајлд-карта за Лигата на шампионите.
Сепак салата на Динамо не ги исполнува условите на ЕХФ за натпревари од машката ЛШ, а големата сала „Поливалента“ во Букурешт ќе се реновира.
Во зависност од тоа кога „Поливалента“ ќе започне да се реновира, тогаш Динамо ќе мора да се сели во друг град, а раководството ја „пикира“ салата во Питешти, која ги исполнува условите на ЕХФ.
Сепак тоа е град што е оддалечен повеќе од 100 километри од Букурешт, па фановите нема да бидат среќни соо оваа одлука.
Романија ќе има три претставници во Лигата на шампионите кај дамите, но и тука нема да мине без проблеми.
Шампионот ЧСМ Букурешт ќе ја користи салата на Динамо за дуелите од ЛШ, бидејќи критериумите кај дамите не се строги како кај мажите, додека Рапид Букурешт ќе ги игра натпреварите од елитата во друг град – Миовени.