Domen NOVAK, Slovenia vs Denmark, Men's EHF EURO 2024 Germany, Hamburg, Germany, 23.01.2024, Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

Динамо Букурешт ќе извиси, Новак пред трансфер во Фуксе Берлин

Репрезентативецот на Словенија, Домен Новак, најверојатно ќе остане во Бундес лигата, но ќе има нов клуб во кариерата.

Иако Словенецот требаше да потпише за Динамо Букурешт и да биде ново засилување во амбициозниот проект предводен од Чави Пасквал, сепак, десното крило најверојатно ќе се пресели во Фуксе Берлин.

Според пишувањата на „RTH Handball“, словенечкиот репрезентативец е блиску до договор со ланскиот освојувач на Лигата на Европа, а за неговиот потпис се борат уште неколку бундеслигашки клубови.

Новак од сезона 2021/22 го носи дресот на Вецлар, во изминатата сезона имаше забележителен настап во најквалитетната лига на светот постигнувајќи 183 погодоци на 34 одиграни натпревари.

Динамо Букурешт до овој момент ги има ангажирано Бранко Вујовиќ, Јонут Јанку, Ханиел Лангаро…Романскиот шампион сѐ уште е активен на трансфер пазарот и планира да донесе уште неколку квалитетни засилувања.